Выбрать главу

Се погледавме пламено в очи. Проклет да бидам, пламено.

— Па што да се рече, Леме, — почна внимателно, — гледаш и самиот, несреќен Леме, тоа е страшно, ужасно! Не смее да се помисли, тоа се чисти фантазии. Леме. Бесплодни, отровни, смртоносни, убаво пиленце. Бесцелно е тоа, Леме, нема никаква цел. (Проклет да бидам, цел.) Ајде да анализираме зборче, по зборче… Чудно е, Леме, многу е чудно, мило момче, по саноќ попусто, тукутака, шутраче низаедно, бесцелно да се гледа водата, какво задоволство си нашол во тоа, пријателе? Морници ми полазуваат, Леме, кога ќе си спомнам с`е што можело да ви се случи за една таква празна, луда работа. Каква корист од тоа може да очекува човек, Леме, освен, о, тоа сигурно, да си спечали едно фино настинче, до коски. Се обложувам дека си го замрзнал и твоето братче, Леме, што си го повел на таа карпа, на кутрото момченце сигурно запчињата му играле, нели, Леме?

— Да, Трифун Трифуноски, вистина е, студеше, — му признав.

— Ете, — рече толку благо, воспитно, како родител, — сте претргале толку страв среде оние црни браништа и улави птици, а сосема за ништо! А како второ, Леме, што е најстрашно, во твојот состав се чита голема нечувствителност, момче. Барем во еден миг да си помислил на милионите гладни, на милионите страдни, на милионите во крв што се дават, на твоите несреќни браќа, не ќе си имал совест, мило момче, толку мирно да седиш на таа карпа, да си тераш луд ќеиф. Каде ти е заклетвата, Леме, младинскиот морал, човечкиот дух? Егоистички си се изживувал, Леме, чисто буржоаски, не водејќи сметка за класната борба на пролетаријатот… Жалосно, Леме, — благодарниот Трифун Трифуноски кротко, од сите страни почна да ме поткопува.

— Се срамам, — реков и се расплакав, — му признав дека немам никаква дарба, дека ги мразам песните, романите и сите тие работи, му признав дека тоа беше час на лудило, темница, болка, и тоа себична, мала болка само за еден човек, безначајно, еден човек. Проклет да бидам, токму така, само за еден човек.

Немаше крај неговата смаеност кога ги чу овие неколку зборови од мојата уста. Проклет да бидам, не веруваше.

— Ја ценам твојата искреност, Леме, — рече суво, загрижено, — но твојата душа е болна, црна, треба да се лечи, мило. Каков е тој зол дух во тебе, Леме, кој те изулавил толку многу, кој е тој проклет ѓавол? — праша со тага, несреќен.

— Кејтен! — му викнав липајќи на глас. — Тој умира во подрумот… Веќе три дена одбива секаква храна, сака да умре, ќе умре. Умира невин, се колнам, умира поради некој гад, подлец. Денеска е последен ден, Трифун Трифуноски, утре е лекарски преглед, ќе го одведат, о, мајко! — се разбира, тоа беше крај и на моите сили. Избезумен, со раце, со глава, со нозе почнав да удирам по ѕидот на сопчето, притоа непрестајно изливајќи најтешки, најгрди зборови. — Гад! Подлец!

Очигледно добриот Трифун Трифуноски силно го погоди мојот бол. Смирувајќи ме во своите прегратки, со своите мили раце мазнејќи ми ја косичката, си спомнувам уште ова, тивко, со жар ми рече:

— Кутрото дете! Та зошто тоа веднаш не го кажа, Леме? Ах, — рече со болка, — како нож да го удрил в коска, — ах, тој гад, тој подлец! Не, не, тоа не смее да се дозволи, никако! Кратка насмевка му болсна на усните, му го озари лицето, нешто спасоносно му заигра, со некаква чудна среќа ме успокои: — Биди си спокоен, Леме, твојот пријател здрав и жив ќе ти се врати, — па потоа од куферчето што беше полно со творби измолкна една тетратка испишана со стихови, исцртана со цвеќиња, ѕвезди и знамиња, па ми ја подаде. — За тебе, Леме, рече, овие стихови за тебе, мило момче. — Проклет да бидам, мислев ми ги подарува за да ме смири. О, колку бев неук и прост!

Тоа беше последно наше видување со Трифун Трифуноски. Остана само надежта, таа малечка тетратка полна со чудни стихови и уште почудни, неодгатливи шарби…

Можеби негој од тие мали ѓаволи навистина го имаше измислено оној рид, Сентерлевиот. Можеби тој вооишто не постоеше, некој го измислил во својот сон, во стравот, во страшниот очај. Проклет да бидам, самиот себе се колнам, јас станав неверник, лажго, во мене се родија некои проклети, лоши чувства, неосетно почнав с`е да мразам, во домот, дури и децата. Ќе им покажам јас на тие мали гадови! Ах, сигурно вие мислите дека тоа беше толку просто, едноставно, лесно. Ах, вие сигурно не знаете! Треба да се побегне од тоа место, далеку, далеку; да останеш на пат, да паднеги на патот, сонцето да те изгори, но да не се вратиш. Никогаш повеќе во тој дом, во таа глува куќа. Никогахи, никогаш! Очите да не им ги видиш на тие луѓе, да ги оставиш сите луѓе! Да бидеш сам, сосема сам, мило дете, мало човече, да се скриеш во некоја темна, длабока пештера, настрана од сите, од секој човек. Не смееш повеќе со нив да се дружиш, нивните зборови се лажни, нивната љубов е лажна, така мило ти се насмевнуваат додека им паднеш в раце, додека те зграпчат, потоа како малечко ѕвере ќе те фрлат во кафез, во строј, во редот, во проклетиот дом. Бев полн со омраза, со горчина, о, боже, нешто страшно, безумно се заврзуваше во моево срце. Но тогаш дојце Таа, се колнам, во што сакате можам да ви се заколнам, ми рече: Што е, Леме, ти веќе не веруваш, тешко тебе, синко. Верувај, Леме, верувај, малечок Леме, — ме преколна во мајка. Проклет да бидам, пак што, можеби навистина постоеше тој рид, Сентерлевиот? И с`е како да почнуваше одново, љубовта, омразата, вистината, лагата, клетвата, молитвата, добрината, пцостите…

Кејтеновата болест, чудното оздравување

Неговата болест беше сонот. Проклет да бидам, сонот. Не се израдува кога го ослободија. Видов како со мака го измолкнаа од подрумот. Сакаше да го остават таму, на глувците. Проклет да бидам, на глувците. Изгледаше уште потажен, поосамен. Туѓ, далечен. Веднаш штом го допре виделото, тој како покосен падна наземи. Проклет да бидам, беше мртов.

— Кејтен е мртов!

— Кејтен умира!

— Кејтен умре! — се разврескаа момчињата, насекаде по домот наеднаш се прошири страшната вест.

— Кејтен веќе не е жив!

Тоа никако не можев да го разберам. Проклет да бидам, ако некогаш поверував во такво нешто, на тие лажговци. Како може Кејтеновиот син да не е жив, мислев, како може тој во земјата да биде пориен, да лежи, да не се движи, никако не можев да разберам дека неговите живи стапалки некогаш ќе бидат избришани, уште помалку можев да разберам дека тој не ќе се смее. Проклет да бидам, неговата смеа. Што би било тогаш со денот, со ноќта, со сонцето, со ѕвездите, со ветрот, со водата, с`е, с`е на земјава би станало глуво, пусто. Не можев да разберам како би можел тој да поднесе толкав молк, земјата, да не лета, да не измислува, да не патува.

— Лажговци! — сакав да им викнам на сите. — Проклети лажговци!

Заѕвони и камбанчето. Проклет да бидам, смрт. Вчас беше нарушен сиот домски ред, туку гледате од сите страни како трчаат љубопитни, глупави, глава ќе си искршат, секој сака да ја види неговата смрт. Проклет да бидам, Кејтеновата смрт. О, боже, господе, проклети!

Лежеше мртов, неподвижен во црната, усвитена прав на дворот.

Смрт.

Таа страшна слика, тешко сознание и најлудите и најпакосните за час ги смири. Тоа беше прв случај толку одблиску, толку вистински да ја видиме нашата смрт. Смртта на едно дете. Исплашени од таа помисла, опаметени без збор, од нешто уште помоќно од зборот, што беше сосема непознато, што невидливо кружеше над нашите глави, — гледаш таа опомена има сила на влијание врз сите присутни, наеднаш се отапуваат, неми се, разжалени. Проклет да бидам, услужни. На умрениот му требало бел чаршаф за да не го гори сонцето, чаршаф веднаш се донесува. На умрениот му требало шамиче за да му се избрише крвцата од устите, другарката Оливера Срезоска со солзи го подава своето. Проклет да бидам, таа плаче. Се колнам, видов, видов!

— О, кутрото момче!

— Какво даровито, силно момче беше тој Кејтен!

— Да, тој беше сила!

— Во него имаше нешто необично, нешто друго, човечко! Не беше тој обично детиште, не!

— Да, да! Беше талент, енергичен, храбар!

— Од ништо не се плашеше, с`е издржуваше!