Природата на јазикот во прозата на Чинго, ако тој јазик го сфатиме како синтеза меѓу повеќе говорни стилови и јазикот и стилот на народното творештво, ни сугерира два вида литерарни настојувања. Најнапред ќе го забележиме нивото на вистинитоста што ни ја сугерира тој јазик а потем нивото на фантастиката, на легендата, на она што е суштински нестварно. Значи дека јазикот на Чинго, и самиот синтеза на две блиски, но сепак различни структури, остварува синтеза меѓу две различии книжевнн настојувања. Тој, јазикот, го воспоставува интегритетот на прозата на Чинго, кој е, од една страна реалистичка, а од друга страна блиска на сферата на фантастичното. З. Лешиќ вели: „Книжевносга која е длабоко и силно сврзана за непосредните проблеми на општествената стварност ќе се стреми, главно, кон реалистичкото раскажување, кон дескрипцијата и јазичните структури на непосредниот говор, за да оствари што поцелосен впечаток на вистината, веродостојна и уверлива слика на опишуваната стварност. (…) Книжевноста која е повеќе насочена кон мечтовитото преобразување на стварноста ќе се стреми, главно, кон послободната логика на раскажувањепо, кон побујни визии на мечтата и кон посебна организанија на јазичните структури, кои се секогаш по малку иронични, зашто она што во нив се кажува поинакво е на некој начин од она што се подразбира.“ Прозата на Чинго, според свите интенции, се движи во двата пола на оваа разделба — и во сферата на стварноста и во доменот на фантастичното. Затоа неговиот јазик се конституира врз говорните структури на средината од која потекнува таа книжевност но и врз едно послободено стилско однесување. Затоа е во неговата проза присутен и оној суптилен хумор, онаа блага иронија со која се говори за настаните што Чинго ги презема од самиот живот но ги трансформира во сцени кои, без магијата на јазикот, би биле секако неверојатни. Секако дека во онаа заедничка констатација оти стилот на Чинго е близок до „говорниот јазик“, согледана во редица критички и есеистички текстови за прозата на Чннго, се кријат можности за натамошни појаснувања и аргументирања кои, можеби, ќе н`е доведат поблиску до самата суштина на прозата на овој автор. „Вистина е — вели Лешиќ — дека книжевното дело се разликува од живиот збор. Но во него ги наоѓаме истите стилистички вредностн што стилистиката ги пронајде и надвор од него. Афективните и евокативните квалитети на изразот се активни и во јазикот на книжевното дело исто онолку колку и во живиот говор.“ Во основа секоја литературна креација се потпира врз јазикот но во голем дел и врз секојдневната јазична практика, врз живиот говор. Тоа можеме да го посочнме и во редица примери во македонската лшература. Прозата на Б. Варошлија произлегува од еден говор кој почнува да се раѓа с`е понагласено во нашата јазична практика во урбаните средини, расказите на В. Малески се градени врз одредени говорни ситуации во кои се еманципира еден јазик на чаршијата, на градот, од говорот на руралните средини со кои е се уште во силен контакт, литературата на С. Попов произлегува од јазикот на селото кој е затекнат во една конзервирана состојба итн. Па сепак, токму во прозата на Чинго интензивно се наметнува тој проблем — врската меѓу неговата литература и говорните и фолклорните јазични структури. Се работи за интезитетот на поврзаноста на таа проза со своите извори, од една страна, и за моќта на Чинго да пишува „во стилот“ на не говорно-фолклорни структури. Се работи, значи, за проза која е создавана со еден впечатливо самосвоен стил, за автор кој го нашол својот јазик во непосредниот контакт со изворите на својата проза. Стилот на Чинго ја остварува синтезата и меѓу убавината на човековата егзистенција и меѓу нејзината суровост. Во таа синтеза, уверени сме, се крпе и онаа маѓија на неговата проза што никогаш докрај не може да биде протолкувана.
Евидентно е во критичко-есеистичките текстови за прозата на Чинго согледувањето на врската меѓу неа и прозата на руските советски раскажувачи. Миодраг Друговац вели: „Постојат органски, покрај другите, фантасти и сонувачи од Бабел до Ремизов, а можеби и уште некој.“[9] Старделов исто така упатува кон таа споредба: „Кон тоа некои подопирливи асоцијации што неговага проза ги предизвикува како облесок на прозата за една друга идентична револуција (Бабел, Пилњак, Всеволд Иванов) тоа сознание уште повеќе го задлабочуваат.“[10] Митрев, исто така, упатува кон таа паралела, наоѓајќи објаснување за нејзиниото постоење но и за квалитетот на воздејството што кај Чинго го врши угледувањего на светската лигература: „Но колку и самороден талент, Живко Чинго не е и без угледување на други автори (…) Чи знаел и како да го прифати туѓото без да му изневери на своето. Тој не шетал по странското без своја насока и без свој правец и не земал било што и од било каде. Одредени овошки примаат одреден калем и Чинго го нашол за своите творечки намери соодветниот калем. И тоа е еден негов редок успех (…) Главниот, да не речам единствениот фонд од кој Чинго прифатил не една писателска драгоценост, е советската руска литература. Чинго е еден од оние наши автори што најсилно го трпат воздејството на вонредни значајности од советската литература. Таков студиец, првенствено во однос на еден од мајсторите на светскиот расказ — Исак Бабел (…) Тоа угледување му помогна многу да стане мајстор на наједноставно искажани најпотресни човечки состојби. И од тоа Бабелово мајсторство Чинго се учи како целосно да ја додржи сопствената елементарност во показот на збивања што се на подруг начин потресни. Од Бабела се учи на природен пристап кон судбината на луѓето како јунаци на раскажното дејство. Од Бабела се учи мирно да го констатира злочинот и да знае дека потресното во животот е посилно од потресното во литературата, — за да значи многу ефектот на здржаното констатирање. Од Бабела се учи на најголемата вештина на писателското мајсторство: да се знае што да не се каже. Иако од Бабела се учи да раскажува без илузии и без разубавување, да биде целосно при дезилузионизмот и дезидеализацијата, тврд и сиров во изнесувањето и на најдраматичното. Одовде и потсилувањето на неговата склоност кон контрасното и парадоксалното. И пак одовде го збогатува спојувањето на обичното со лирското. Во постапката, пак, ја пренесува ретката Бабелова умешност за вплетување на анегдотата во внатрешниот тек на раскажувањето. Сенасе: научил многу, учел така што резултатно го оплодил својот изразит авторски натурел.[11]
Неоспорно е дека литературата се движи како и сите уметности во континуитетот кој го овозможуваат врските меѓу одделни автори. Може да се рече дека без тој феномен на взаемни воздејства, на користење веќе постигнати искуства на наоѓање сродни литерарни светови, литературата би била невозможна. Секој автор духовно се надоврзува на неговите претходници, дури и во сопствениот гневен грч предизвикан од потребата да негира она што пред него се случувало, да го менува тој свет на литературата со преседански обид, со поставување нов патоказ пред идните генерации кој ќе ги оддели од товарот на создадената традиција. Тие грчовни изблици на најеминентните писатели биле секогаш, едновремено, и плодни и залудни. Зашто напорот да се одделат од традицијата ги доведувал до едно усвитено место од кое, ако ништо повеќе, можеле да го редуцираат товарот на формалните, манирските и рутинските, наследства и да дојдат, како до сопствено откровение, пак до јадрото и сублиматот на традицијата. Неспорно е дека и Чинго се наоѓа во еден таков континуитет. Тој не е од оние автори што вршат свесен, интелектуален чин на бунтовништво со своето дело. Доколку Чинго го прави тоа неговата интенција се остварува во неговото дело. Меѓутоа, за прозата на Чинго е навистина битно да се одреди неговата врска со авторите од кои учел. Битно е зашто на тој начин полесно ќе се навлезе во сложениот механизам со кој таа ги пласира своите значења, своите поенти и откривања. Возможно ли е еден автор кој, како што веќе видовме, произлегува од една автентична говорна традиција, да учи толку интензивно и темелно кај други автори, особено кај оние што произлегуваат од една средина што не е, ниту духовно, ниту материјално, негова, иако е по многу белези блиска? Дали може да се рече со сигурност произлезена од една книжевна аргументација, дека духовните врски на Чинго со советските руски прозаисти е толку значајна и видлива? Според мое мислење може да се направи една паралела меѓу творештвото на Чинго и на руските прозаисти од советскиот период но само како укажување на некои идентични резултати што се остварени во две различни средини. Различни и блиски. Најнапред мора да се подсетиме на фактот дека времето за кое зборува Чинго е по многу свои белези слично на времето што го преживува Русија во текот на Првата светска војна, Револуцијата и контрареволуционерните напади врз неа. Се случуваат длабоки социјални ломови, се изместуваат сите вредности така што ниту една не останува во поранешниот зглоб, се политизира и се идеологизира секој домен на животот. Сето тоа се случува и во социјално и ментално блиски средини — во село кое брзо и болно се деструира. Од друга страна, можеме да констатираме дека и руските раскажувачи, пред советскиот период, уште од Гогољ, извонредно многу се надоврзуваа на народното творештво и на одделните нивои говорна традиција. Тој процес во руската литература започна многу порано до појавата на големите руски писатели (Гогољ, Пушкин и други). Р. Јакобсон забележува во кои услови се остварува таа духовна синтеза: „Започнува (во текот на XVII век — заб. моја) секуларизацијата на пишуваната литература; првпат во историјата на Русија се прави обид да се пишува световна литература. А бидејќи единствената домашна традиција врз која можеа да се потпрат овие обиди беше усна, во руската книжевност во седумнаесеттиот век се јавува силното влијание на фолклорот.“[12] Нешто слично се случуваше и кај нас: основните поттици што можеа да се најдат во прозното творештво пред една литература во нејзиниот синхрон миг на раѓање и на подем, беа инспирациите од фолклорот. Јакобсон натаму го посочува влијанието што преведената литература го имала врз развитоког на руската книжевност. Меѓутоа тој посочува пат што кај нас не беше возможен: усното творештво, подложно на профаните елементи, лесно го асимилираше и новиот книжевен материјал од преводите за тој, дури потоа, да повлијае, веќе еднаш асимилиран, врз новата пишувана литература. Натаму, руската усна книжевност изврши неизбришливо влијание во делата на Пушкин, исто како што Гогољ се инспирираше со украинските народни приказни, преданија и пословици. Јакобсон вели: „Почнуваат да се бришат границите меѓу црковното и световното, меѓу книжевноста, меѓу фолклорог, меѓу пишуваниот и говорниот јазик (…) Руската народна приказна одигра голема улога во развитокот на креативните способности кај класичните мајстори на руската проза — Толстој, Достоевски, Лесков, Островски. И усниот стил, кој е постојана и типична бележитост на руската лигература, извира од фолклорната традиција.[13]