Выбрать главу

Дека е тој процес жив во руската книжевност, дека е константен, во своите анализи укажува и В. Виноградов: „Најголемите писатели од почетокот на XIX век (…) го употребуваа како изразно уметничко средство не само она што веќе беше усвоено во книжевниот јазик на таа епоха како норма за национално-литерарниот израз, туку и она што беше широко употребувано во народно-говорниот јазик…[14]“ Виноградов, натаму, изнесува едно мислење кое е битно за разбирањето на врската меѓу книжевноста и нејзините извори на магеријалот:

„Освен прашањата сврзани со проучувањето на примената на елементите и бележитостите на разните социјално-говорни стилови, разните композицнски форми, и типови на општествениот, социјално-групниот, дијалектскиот и професионалниог говор во уметничката литература и во творештвото на писателите, стилистиката на уметничката литература ја зближува со стилистиката на говорот сложената и суптилно разгранета сфера, засега малу проучена, на експресивните форми и на говорните нијанси.“[15] Тоа е општокнижевен проблем, блискоста на самата книжевна стилистика со стилистиката на говорните форми. Тоа е појава и во македонските книжевни и говорни стилски особености исто колку и во руските, советски и предсоветски. Дали Чинго се научил од Бабел? Малу е веројатно дека може да се научи еден начин на инспирација зашто е тоа психолошки одредена категорија која е извонредно индивидуална. Исто така тешко може да се поверува дека може некој да го научи народниот говор. Тој говор човек го носи во себе како предлитерарна свест — тој го асимилира во детството, — не го учи туку го впива и го вдишува, така што ништо не може да го надомести тој период на создавањето првите свесни впечатоци кои се, едновремено, и суштина на содржината но и феномен од јазичен крактер. Тешко може, исто така да се претпостави дека една литерарна свест може успешно да се формира во својот корен врз искуствата на некоја друга литерарна свест. Во тој случај пишувањето би можело да се учи како и сите други вештини без никакви претпоставки. Мене ми е поблиску до вистината претпоставката дека Чинго се формира врз истите извори како И. Бабел — врз богатството на содржините што го исполнуваат говорот кој им станува близок и нивен уште во детството. Според некои основни белези на прозата на Чинго имам впечаток (кој не мора да е точен но можеби може и да се докаже) дека врз неа повеќе влијаела приказната на Чехов. Тоа влијание е на прв поглед невидливо зашто се остварува извонредно суптилно и не толку во сферата на стилот кој Чинго, веќе покажавме, го гради врз нашата автентична говорно-фолклорна градиција, туку во доменот на емотивното и поетското, во самата поетика на Чинговата проза. Тоа влијание е видливо и кај сите руски писатели-раскажувачи и во претсоветскиот и во советскиот период. Чинго многу порано можел да дојде во контакт со прозата на Чехов одошто со Бабел та нема основа да `и се даде предимство на претпоставката дека и тој суптилен чувствен тек во неговата проза дошол од втора рака и не како директен навев. Впрочем влијанијата, навевите, искуствата, сознанијата, методите остварени или преземени од еден автор кај друг извонредно тешко можат да се докажуваат. Со исто право можеме да тврдиме дека

Чинго се влијаел и учел и од Брет Харт колку и од Бабел. И Харт поникнува од една локална инспирација, од средиштето на своите родни локални говори и преданија, и тој е полн со суровости и нежност а истовремено и со еден фин хумор. Да се потсетиме само на неговата приказна „Среќко од Роринг Кемп“ па ќе видиме како нејзините основни текови се извонредно блиски до раскажувањето на Чинго. Можат да се приведат уште редици примери — што само би н`е довело поблиску до сознавањето на вистината дека тешко може да се говори за влијанија во оние видови литератури што имаат идентично потекло и еднаква инспирација, што се ситуираат врз исти принципи.

Оставајќи ги на страна неколкуте текстови што несомнено дивергираат од основната концепција на двете книги останува да забележиме дека и првата и втората „Пасквелија“ со најдоброто во себе претставуваат единствен идејно-тематски и стилско-естетски блок во кој хронолошки се открива животописот на Пасквелската долина с`е до наши денови: од приказот на првите мали јунаци од типот на Огулиновци, преку војната, до виорот на револуцијата и големите промени што таа ги внесува во животот на пасквелчаните. Пролетта — Револуцијата како што ја наречува авторот, ги затекнува пасквелчаните воглавно неподготвени, ги изненадува како некое ново и непознато годишно доба и ги повелува по нови патишта. Тие промени ќе доведат и до крајното миграционо опустување на Пасквел. Во непосредно соседство на големата езерска вода, привлечени од нејзиниот чудесен блесок и многу повеќе од градскиот вријавец и широките перспективи што тој ги отвора пред нив, пасквелчаните во крајот на втората книга стремглаво ќе се сјурат кон езерскиот брег. Тоа е веќе едно ново време, време кога и конференциите и Месната и Тацко Настејчин и малите селски агитатори наеднаш како да потемнеле, заостанале зад животот кој навлегол во нови колотечини, кога виталниот сој на жителите на Пасквел започнува масовно да ја напушта долината, не обѕрнувајќи се на минатото и итајќи кон својата иднина. Крајот на втората Пасквелија не е само сиболички дефинитивен и меланхоличен: за својот чувствителен автор тој е помалу болен, горчлив и носталгичен. Напуштените ниви и градини прилегаат на црни оставени гробишта. Пасквелчаните ја испразниле долината, бргу — набргу, распродавајќи го својот имот, оставајќи зад себе натписи — таблички по нивите што не стасале да ги отуѓат.

вернуться

14

V.V. Vinogradov: „Stilistika I poetika”, Zavod za izdavanje udzbenika, Sarajevo -1 971, str.56

вернуться

15

Ibid, str. 86.